Сиров колач од бадеми и јагоди: Без печење и готвење, спремен за 15 минути

Оние кои внимаваат на своето здравје со сигурност ќе уживаат во овој сиров колач.
Потребни состојки:
– 1 шолја (од 250 мл.) бадемово брашно
– половина шолја кокосов протеин
– 3 лажици мед
– 1 лажица кокосово масло
– 10 урми
– 150 гр. јагоди
– сок од половина лимон
– 1/3 шолја ореви
– 1/3 шолја кокосово брашно
– 1 лажица кокосово масло
– 1 лажица лимонов сок
Начин на подготовка:
Најпрвин подгответе ја долната кора. Во блендер ставете го бадемовото брашно, кокосовиот протеин, медот и кокосовото масло. Изблендирајте и втиснете ја смесата во плех. Ставете ја во фрижидер.
За филот, во блендер ставете јагоди или малини, урми кои претходно ќе ги потопите во вода 10-15 минути и сок од половина лимон. Изблендирајте и ставете ја смесата врз долната кора.
Сувата смеса која ќе оди одозгора направете ја така што ќе ги изблендирате кокосовото брашно, оревите и ќе додадете лажица лимонов сок и една лажица кокосово масло. Ставете ја смесата врз филот и оставете ја тортата 2 часа во замрзнувач да се стегне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.