Затоа, нашиот народ често вели дека ќе се сретнеш во животот токму со она што не го сакаш, нолуѓето така велат немајќи правилно разбирање. Вистинското објаснување е дека просечниот човекчесто размислува за она што не го сака, произведува силни чувства на одбојност додека мисли ираскажува за тоа што не сака, а можеби дури и верува во поговорката дека во животот ќе се сретнетокму со она што не му се допаѓа, и ете целосно зло. Но, и она што сте го креирале сами со своитеверувања и мисли.
Во тоа нема ниту причина ниту судбина, сѐ е јасно и рационално. Со своите мисли во животот степривлекле што не ви се допаѓа. Она што сега го размислувате, ја креира Вашата иднина.
Она зашто најчесто размислувате, она на што најмногу се фокусирате ќе се појави како дел од вашиотживот.
Енергијата ја привлекува енергија. Ако се гледате себе си како живеете избалансиран и пријатенживот и верувате дека така ќе биде, со Божја помош, тоа ќе го привлечете.
Законот на привлекување непогрешливо ги манифестира во твојот живот, нештата, ситуациите илуѓето за кои размислуваш. Овој закон секогаш непогрешливо функционира. Доколку заземеме позитивен начин на размислување со позитивни емоции, ние ќе ги привлечеме позитивните луѓе, позитивните настани и околности. Ако сме многу лути и негативни во својот став ќе привлечеме уште повеќе негативни, лути, незадоволни луѓе и негативни околности кои ќе произведат уште повеќе негативно во нас и уште повеќе ќе нѐ утврдат во негативниот став.
Ќе мислиме дека сме во право кога мислиме дека сѐ е негативно, бидејќи има докази насекадеоколу нас. Не разбираме дека сѐ самите сме привлекле, дека животот не е таков, туку нашите мисли вовеле во секојдневниот живот она што сме го посеале во него.
Ако добро ги отворите очите и погледнете околу себе ќе го видите законот на привлечноста на дело насекаде околу вас.Она што го размислувате, тоа и го внесувате во својот живот, преку луѓето, ситуациите и околностите.
Вашиот живот е физичка манифестација на Вашите мисли. Ако сето ова не го разбирате, не значи дека треба да го отфрлите. Ние не разбираме многу од настаните во нашиот живот, а сепак ги користиме за лична корист.
Закон на привлекување може да се објасни со три зборови: мислите стануваат реалност.
Ако сакате да станете свесни за своите мисли и да ги изберете внимателно, посакајте тоа да ви биде забавно, затоа што сте ремекдело на вашиот живот. Вие сте Микеланџело на својот живот. Давид кој ќе го креирате вие самите.
Со умот ќе завладеете кога ќе го смирите. Учителот споменат во книгата Тајна, секој ден медитира. Медитацијата го смирува вашиот ум, помага во совладувањето со сопствените мисли и го обновува телото. Одлично е тоа дека за медитацијата не мора да одвоите неколку часа на ден. Започне со 10 минути на ден, што може да биде многу ефикасно за стекнување на контрола над сопствените мисли.
За да станете свесни за своите мисли, можете да објавите: “Јас сум господар на сопственитемисли.” Често изговарајте ја таа фраза, медитирајте за неа, и додека размислувате за таа изјава законот на привлекување ви овозможува да се оствари токму тоа.
Сега добивате сознание кое ќе ви овозможи создавање на најубавите верзии за самиот Себе. Можноста на таа верзија веќе постои на фреквенцијата “најубавите верзии на себе си.”
Одлучете што сакате да биде, што сакате да правите и да имате, размислувајте за тоа, пренесувајте ја таа фреквенција и вашата визија ќе биде претворена во реалност.
Законот на привлекување е возвишена Тајна на животот.
Законот на привлекување, вели дека сличностите се привлекуваат, па кога ќе размислувате за нешто истовремено привлекувате слични мисли.
Мислите се магнети и имаат фреквенција. Додека размислувате, мислите ги испраќате во Вселената, и тие како магнет ги привлекуваат сите слични работи кои се на иста фреквенција.
Сè што сте испратиле се враќа кон својот извор, кон вас.
Вие сте како телевизиски преносител. Со своите мисли пренесувате фреквенција.
Дали сакате да промените нешто во својот живот, променете ја фреквенцијата со промена на своите мисли.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.