Со ручек, вечера или за ужинка: Пуканки од карфиол со неверојатен вкус 

Доколку сакате да го збогатите вашето мени со нешто лесно достапно што брзо се подготвува и е здрава опција, задолжително пробајте карфиол подготвен на овој начин.

Карфиолот е нискокалорична храна, а голем дел е вода. Затоа е одличен избор за ручек или вечера, а можете да го користите и како замена за нездрава ужинка, како пуканки.

Состојки:

  • главица карфиол, исечкана на цветчиња со саканата големина;
  • 1 лажичка мелена пиперка;
  • 2 лажички сол;
  • 1 лажичка куркума;
  • 1 лажичка масло;
  • ½ лажичка лук во прав.

Подготовка:
Измешајте сол, мелен бибер, лук во прав и куркума, а потоа додадете цветчиња карфиол. Прелијте со маслото, сè убаво измешајте додека зачините не го покријат карфиолот, па наредете на добро подмачкана тава.
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.