Првите зраци на сонцето ги натераа и најмрзеливите конечно да направат нешто за своето тело. Не е важно дали сте избрале, фитнес, зумба, соло вежбање по дома или пак трчање, во секој случај вашето тело ќе ви биде благодарно, а ако бидете упорни во своите намери брзо ќе ги видите и првите резултати.
Сепак како и секое женско и во тие моменти размислувате како да изгледате што подобро, а облеката да ви биде удобна и корисна. Еве некои наши предлози, како да изгледате модерно и додека вежбате.
Можете да изберете дебела тренерка со капа , маица и хеланки. Секако дека патиките се многу важен дел од изгледот. Можете да го надополните изгледот и со модерно тениско капче.
За час по аеробик во сала изберете памучни тренерки и впечатлива маица со принт. Додатен аксесоар нека ви биде големата спортска торба во која ќе ставите се што ви е потребно.
За час со танцување или популарната Зумба одберете удобни спортски панталони и интересен топ. Исто така можете да користите и грајачи за стапалата. Вака облечени ќе изгледате како Џејн Фонда во раните 80-ти.
Првите зраци на сонцето ги натераа и најмрзеливите конечно да направат нешто за своето тело. Не е важно дали сте избрале, фитнес, зумба, соло вежба