Во рамки на работната посета на Австрија, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска имаше средба со генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмид, информираат од нејзиниот кабинет.
– Вицепремиерката Грковска нагласи дека Република Северна Македонија го презеде претседателството со ОБСЕ во многу чувствителен момент, имајќи предвид дека светот, особено Европа се соочува со безбедносна закана по агресијата врз Украина, што дополнително резултираше со енергетска и економска криза, а секако тука е и постковид кризата. Таа посочи дека граѓаните секојдневно се борат и ги чувствуваат последиците од овие предизвици и токму затоа политичарите имаат голема одговорност да изнаоѓаат брзи и ефикасни решенија и да се грижат за интересот на граѓаните, соопштуваат од кабинетот на Грковска.
Соговорничките се осврна и на значењето на жените во сите општествени и светски процеси, при што вицепремиерката Грковска информира за меѓународната иницијатива што таа ја иницира, а која се однесува на обединување на жените лидерки во процесите на добро владеење и справување со корупцијата од Југоисточна Европа во меѓународен Форум.
– Генералната секретарка Шмид ја поздрави организацијата на Форумот, истакна дека иницијативата е одлична и ја нагласи улогата на жените во сите области на општествениот живот. Значајно е да се обезбеди родова еднаквост и вклучување на жените во процесот на носење одлуки, известуваат од кабинетот на вицепремиерката.
Грковска информирала дека приоритет на нејзината работа е креирање на одржливи и ефикасни антикорупциски политики, имајќи предвид дека борбата со корупцијата е особен предизвик за нашата држава.
Пронајдете не на следниве мрежи: