СТРАОТНИ БРОЈКИ: Убиени се 788, ранети 4.100 Палестинци

Министерството за здравство на палестинските власти соопшти дека бројот на загинати Палестинци од почетокот на конфликтот со Израел денеска се искачи на 788, додека околу 4.100 луѓе се ранети. Во соопштението се прецизира дека во израелските напади врз Појасот Газа загинале 770 луѓе, а повеќе од 4.000 се ранети.

СТРАОТНИ БРОЈКИ: Убиени се 788, ранети 4.100 Палестинци

Мнозинството, како што велат, се деца и жени, а се очекува бројот на загинати и ранети да расте, пренесува палестинската агенција ВАФА.

Министерството наведува дека во нападите на израелската армија на Западниот Брег загинале 18 лица, меѓу кои и три малолетни лица, а околу 100 се повредени.

Судирите започнаа во саботата наутро кога палестинското милитантно движење Хамас изврши воздушен, морски и копнен напад врз Израел, кој жестоко возврати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.