ТАЖНА ГЛЕТКА ПРЕД ДОМОТ НА ТИНА ТАРНЕР: Обожавателите оставаат цвеќиња, свеќи и емотивни пораки – преплавена беше и нејзината ѕвезда на патеката на славните

Фановите се собираат пред портите на домот на Тина Тарнер во Куснахт во близина на Цирих откако синоќа беше објавено дека славната пејачка починала.

Кралицата на рокенролот не напушти на 83 години по долго боледување , потврди нејзината портпаролка и со тоа навистина го претвори целиот свет во црно. Познатата пејачка беше пример за младите, кралица на рокенролот и жена која се бореше за подобар живот.

ТАЖНА ГЛЕТКА ПРЕД ДОМОТ НА ТИНА ТАРНЕР: Обожавателите оставаат цвеќиња, свеќи и емотивни пораки – преплавена беше и нејзината ѕвезда на патеката на славните

Во текот на животот трпеше малтретирање, трагични животни ситуации и безброј проблеми, но на сцената секогаш се појавуваше со карактеристична насмевка која сите ќе ја паметиме.
Сега обожавателите ширум светот се збогуваат со неа, а пред нејзината куќа има безброј свеќи, цвеќиња и нејзини слики, а на ѕидот од нејзината капија беше оставена порака:

– Мислам дека е во ред што се појавив рано денеска. Ти благодарам и збогум Тина, едноставно беше најдобра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.