За време на строгиот карантин во Австралија, Татјана изјави дека песната е нејзина терапија и ѝ помага да ги издржи тешките мигови и пред да запее раскажа како всушност живее во периодот на карантинот.
– Добро вечер, тежок „локдаун“. Нема мрдање, само песната е лекот! Мене ми е ова психотерапија и сакам да дадам енергија, и да добијам повратна енергија за да можеме да ја издржиме оваа торт-ура, за кого како.
Јас како што кажав и овој пат ќе кажам, сакам да се дотерам, сакам да си се поднашминкам, така. Добро утро на вас, на нас добровечер. Осум и пол е веќе. Јас си се спремив, ќе пеам, кој пее зло не мисли, кој сака нека слуша.
Битно е да си размениме енергија, луѓе, да издржиме, кој знае уште колку ќе бидеме затворени вака. Нема свадби ништо такви работи, мораме вака да си пееме, да си уживаме. Кој сака, нека изволи.
Убава музика, ќе се поздравуваме, и ќе пиеме. Не да сме во карантин, туку не смееме да трепнеме. Тек сега ќе не затвораат. До сега бевме, 5 километри од дома можевме да мрднеме, сега ќе биде изгледа само еден километар.
И еднаш неделно шопинг да правиме, да купуваме храна, може и за храна ќе испо-цркаме ама ќе издржиме.
Со песна сѐ се издржува, порача Тања за крај. Јас сакам да почнам со нешто наше убаво македонско, ова е еден „Галеб тажен“, рече таа и ја испеа истоимената песна.
Татјана Лазаревска и Новица Василевски се еден од најскладните парови на домашната музичка сцена.
Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.
Татјана и Новица откако поминаа карантините и кризата работат со полна пареа. Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна.
Татјана често објавува „лајф“ видеа како настапува, а дел од нив се многу интересни.
Таа и Новица пееја македонски песни, оро се виеше, невестата и сватовите беа многу весели. Но, она што падна во очи се згодните девeруши, облечени сите во сини фустани со длабоки шлицеви.
Новица пееше меѓу убавите деверуши, а Татјана го снимаше, без да покаже трунка љубомора што толку убавици се вртат околу него.
Татјана и Новица со синовите пред некое време беа на одмор, и тоа на ептен луксузно место, во „Surfers Paradise – Goldcoast“ во Австралја. Татјана се уклучи во живо на Фејсбук и откри како се забавуваат.
-Ајде одиме еден „лајф“, сакам само да споделам, дека ние дојдовме на едно преубаво место овде во Австралија, малце да се одмориме од зимата во Мелбурн. Беше многу ладно, беше многу досадно.
Сите заминавте за Македонија, ние што останавме овде ве гледаме преку Фејсбуци, ве пратевме како уживате, сега нас ни дојде малце редот.
Еве сме, Петар, Стефан, и сакам само да ви кажам дека стварно, ако дојдете на ова место убаво, еве што ве чека.
Ве чекаат бранови, плажа, сонце колку-толку. Инаку сме на 18 спрат. Ја синоќа се изнапеав на една преубава кршетвка и роденден во Бризбејн, и решивме да дојдеме малце…
Еве, јас ќе седнам сега, Новица ќе ми свари едно кафе, и ќе ве поздравам од нашиот апартман во „Сурферс парадајс“. И стварно е како во рајот. Ова е за оние што сакаат да размислат дали да дојдат, јас како реклама им правам сега.
Толку, само кратко да ве поздравам, ние уживаме, а уживатје и вие“, рече Татјана и го покажа убавиот поглед и апартман.
Сега кога дојде зимата во Македонија, во Австралија е лето, а овој период на Татјана и Новица им е најубав бидејќи можат да си се раскомотат на плажа и да уживаат во сонцето.
Татјана на својот Фејсбук профил објави слика од плажа со својот сакан, по костими за капење, а парот изгледа видно среќно и насмеано. Татјана го „тагираше“ Новица на објавата, а во описот на фотографијата додаде хештег, љубовта е во воздухот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.