Многу е важно на нашата трпеза за појадок да има квалитетни намирници кои ќе ги задоволат потребите на нашиот организам
Појадокот е најважниот оброк кој ни дава енергија за сите задачи во текот на денот.
Често луѓето грешат при изборот на храна кога станува збор за утринскиот оброк, па се чувствуваат тромо и поспано. Затоа, обрнете внимание на следните 3 типа на појадок, кои според нутриционистите се најлоши за нашиот организам.
Сокови, овошен јогурт, енергетски барови
И покрај тоа што велат дека се 100 отсто природни, овошните сокови купени во продавница се полни со шеќер и адитиви. Овој пијалок на празен стомак веднаш ќе ви даде енергија, но и многу брзо ќе ви ја одземе. На ист начин, соковите од продавницата немаат голема хранлива вредност. Наместо тоа, посегнете по вистинско овошје кое содржи и влакна потребни за регулирање на варењето и збогатете го со чинија житарки. Истото важи и за овошните јогурти, па наместо тоа изберете незасладен пробиотик засилен со парче тост леб и мармалад. Енергетските бароови имаат толку многу шеќер и калории, што е како да јадете чоколадо за појадок.
Пекарски производи
Пецива, крофни и вкусни кифлички од тесто кои ги купуваме во пекара се многу вкусни и заситувачки, но овие производи често содржат големи количини на адитиви, сол и шеќер, што не е добра комбинација за почеток на денот.
Соленото печиво ја задржува водата во организмот, а лиснатото тесто е масно, тешко сварливо и сиромашно со хранливи вредности кои му се потребни на вашето тело за нормална работа.
Ако сакате да јадете ѓеврек наутро, изберете од цели зрна и премачкајте го со млечен намаз или путер и мармалад.
„Ѕидарски“ појадок
Овој појадок вклучува мрсна, тешка и висококалорична храна како што се пржени јајца со сланина, бел леб или масна салама зачинета со мајонез или слични намази.
Освен ако не се занимавате со тешка физичка работа, на вашето тело навистина не му е потребен таков појадок и ќе му треба долго време да го свари.
Големи количини на нездрави масти ќе завршат во масното ткиво, а вашето тело нема да ги добие сите потребни витамини, минерали и влакна.
Ако сакате да јадете јајце наутро, најдобро би било да го сварите и да го комбинирате со парче тост леб и чај.