Три дами ќе ја кројат монетарната политика

За вицегувернери на Народната банка на Р. Македонија, во рамките на 60-тата седница на Собранието на Република Македонија, беа именувани Емилија Нацевска и Ана Митреска, кои по спроведен оглас беа предложени од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Пред стапувањето на функцијата, тие дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.
НБРМ изразува задоволство што и овојпат, Собранието на Република Македонија, без ниту еден глас против, и без ниту еден воздржан, застана зад определбата високиот професионализам да биде основниот двигател при раководењето, носењето на одлуките и севкупното работење на централната банка.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.