Секое лето е истата приказна – забораваме на старите парчиња облека и купуваме нови. Некои обожувани трендови кои се задржаа во модниот свет во последните неколку сезони веќе почнуваат да се забораваат, а постојат генијални новитети кои се достојна замена за старите.
Во продолжение, ви претставуваме три трендови кои се “аут” за ова лето и три со кои лесно ќе ги замените истите.
Аут: Топови со отворени рамена
Доколку ви здодеаја топовите кои доаѓаат во “off-the-shoulder” варијанта, имаме одлични вести за вас. Конечно пристигна нова варијанта на овој мега тренд кој ќе им се допадне на сите девојки…
Ин: Топови на едно рамо
Ова лето, топовите на едно рамо го имаат главниот збор. Овој супер кул модел е многу поедноставен и поудобен за носење бидејќи не мора да се плашите од изборот на градник.
Аут: Структурирани плетени торби
Модните критичари велат дека ретко која девојка ќе успее да го стави својот мобилен телефон или паричник во малите полузаоблени плетени торби. Нивната големина е тотално непрактична…
Ин: Мрежести чанти
Ова е моментално еден од најголемите модни трендови: меки мрежести чанти. Тие доаѓаат во безброј варијанти, од оние со големи дрвени рачки па сè до целосно меки модели
– што значи дека сигурно ќе го пронајдете парчето кое им одговара на вашите потреби.
Аут: Обетки со реси
Ресите ги имаа своите “пет минути слава”, но сега е време за обетки кои со сигурност ќе го привлечат целото внимание.
Ин: Апстрактни геометриски обетки
Уметничките апстрактни линии и геометрии владеат со обетките – и ги обожуваме! Доколку ова ви се чини премногу, почнете со нешто поедноставно – одберете едноставни големи кругови или еден коцкаст модел во неутрална боја.