Трик кој целосно го менува вкусот: Неодолива карбонара

Само неколку состојки се доволни за оброк од соништата, а доколку ги подготвите карбонара шпагетите на ваков начин, тогаш ќе заборавите на другите рецепти.

Британскиот готвач Џејми Оливер прави многу популарни јадења, а тој особено ужива во подготовката на специјалитетите на италијанската кујна.
Во тоа често има чест да ужива со италијанскиот готвач Џенар Конталдо чии карбонара шпагети со задоволство ги подготвува.

Состојки:

  • 3 жолчки;
  • 40 грама пармезан;
  • шпагети (200 грама);
  • 150 грама сланина;
  • 1 чешне лук;
  • маслиново масло;
  • сол и бибер по вкус.

Подготовка:
1.Ставете ги жолчките во чинија, ситно изрендајте го пармезанот, зачинете, па добро измешајте.
2.Ситно исечкајте ја сланината, па сварете ги шпагетите во солена вода, да бидат „ал денте“.
3.Премачкајте ја тавата со сланината, додадете една лажица масло за јадење, па вклучете ја ринглата.
4.Исчистете го лукот, згмечете го, па ставете во тавата една минута.
5.Додадете ја сланината, па динстувајте додека не биде крцкава, околу пет минути, па извадете ја и додадете го згмечениот лук.
6.Исцедете ги шпагетите и ставете ги во истата тава, па додадете малку вода во која ги варевте за состојките да се соединат убаво.
7.Тргнете ја тавата од рингла, па додадете ги жолчките со пармезанот и добро измешајте. Додадете ја сланината и уште малку вода во која ги варевте шпагетите и оставете да крчкаат.
8.Сервирајте со рендан пармезан.

На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.