Трикови за одржување на пластичните садови кои домаќинките ретко ги практикуваат

Овие пластични садови се произведуваат во различни форми, големини и се многу лесни.
Пластичните садови се идеални за да ја спакуваме храната и да ја ставиме во фрижидер, да ја однесеме на работа или да сочуваме некој отворен кекс.
Во продолжение прочитајте совети за миење и правилно одржување на садовите, за подолго да ви траат.


Откако ќе ја извадите храната, садовите веднаш натопете ги во вода и измијте ги. Така ќе спречите непријатен мирис.
После миењето со детергент и топла вода, наполнете ги со вода и оцет и оставете ги да отстојат така неколку минути. Така ќе ги дезинфицирате кутиите.
Искусните домаќинки советуваат дека ако ги миете во машина за садови, треба да ги ставите на горната полица, бидејќи на тој начин нема да ја загубат својата форма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.