Трите најпопуларни чанти во светот

Oнлајн пребарувачот „Lyst“ направи истражување за тоа кои се најпопуларните брендови за првиот квартал од годинава, но воедно и за најпопуларните модни додатоци.
Резултатите покажуваат дека „Off White“, „Гучи“ и „Баленсијага“ се трите најпопуларни брендови досега во 2019 година.
А кога се модните додатоци во прашање, во продолжение се трите модела чанти кои моментално се најпопуларни во светот, а воедно и најпосакувани:
1. Jitney 1.4 Cash Inside – Off White

 

View this post on Instagram

 

fw19 women’s Off-White™ 1.4 Jitney bag with “CASH INSIDE” text print via @blvckd0pe

A post shared by Off-White™ (@off____white) on


Овој модел на брендот е убедливо на првото место. Инстаграмот е преплавен со фотографии токму со оваа чанта, а особено е популарен меѓу модните блогерки, кои поради обликот и пораката, го наоѓаат моделот исклучително привлечен.
2. Chloe C


Меѓу најпребаруваните модели на чанти на Интернет е и овој на модната куќа „Клое“. Се работи за мини ачнта со ефект на крокодилска кожа, а Наталија Водијанова и Каја Гербер во голема мера придонесоа за нејзината популарност, презентирајќи ја преку своите профили на социјалните мрежи.
3. Винтиџ модел од Bottega Veneta

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bottega Veneta (@bottegaveneta) on


За месец дена од појавувањето (кон крајот на февруари), чантата била пребарувана на Интернет повеќе од 10.000 пати. Моделите Елса Хоск и Роси Ханингтон Вајтли се едни меѓу првите што ја имаа и придонесоа за уште поголемата популарност. Чантата што потсетува на оние што ги носеле нашите мајки или баби доби нов тренди изглед кој многумина го сакаат, а оваа листа го потврди тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.