Архангел Михаил се смета за водач на армијата ангели кои го штитат светот од темнината. Архангел Михаил често е прикажан на иконите со запален меч кој ги чува рајските порти и се верува дека е заштитник на Небесното Царство. На 21 ноември православните верници го слават Свети Архангел Михаил. Целосното име на оваа слава е Собор на Архангел Михаил и други бестелесни сили.
- Кулеба: Војната нема брзо да заврши
- Познатиот рапер подготвува тужба поради тврдењата дека е педофил
- (Фото) Верижен судир во близина на Охис
- Планетата Земја се разделува со „мини месечината“
- Утре e ден на жалост во Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј
Според црковното предание, ангелот Михаил бил првиот што се борел со злиот дух, а тоа име, според црковното толкување, значи „оној што е како Бог”. Во грчкиот јазик, зборот „арх“ значи главен, прв, а „ангелос“ значи гласник, ангел.
Свети Архангел Михаил, симбол на борбата против злото и небесна сила која ги прима душите на мртвите со мерење на нивните добри и лоши дела, на иконите и фреските е претставен како небесен воин во воена опрема, со меч, копје и зол дух кој, врзан со синџири кој му лежи под нозете.
Обичаи и верувања
Архангел Михаил
Постојат различни обичаи и верувања поврзани со Денот на Архангел Михаил, а се верува дека Архангел Михаил доаѓа да ги утеши болните и беспомошните во студените есенски и зимски денови. Според стариот обичај, на овој ден може да се предвиди времето, па се верува дека времето за овој празник ќе биде исто во текот на зимата и пролетта.
Постои една заблуда кога станува збор за обичаиите. На некои места се смета дека не треба да се приготвува жито за празнувањето на св Архангел Михаил, но тоа е неточно. Ова најмногу се толкувало со сметање на Архангел Михаил за жив светец, а преданија велат дека сите што умреле биле живи пред Бога.
На овој ден обичај е да се шири добра мисла и позитивна енергија. Исто така, се верува дека утре особено треба да бидете хумани и дарежливи. Според едно старо верување, ако утре му помогнете на некој кој има потреба, можете да очекувате благост и Светиот Архангел ќе ви ја исполни желбата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.