Утрински еликсир од лимон и куркума

Додавањето на куркума во вашиот утрински напиток е евтино, пријатно, а и ќе го препороди вашето тело…
Куркумата е неизбежна во индиската кујна, но доколку не јадете индиска храна, тогаш како да го вклучите овој прекрасен зачин во вашта исхрана? Едноставно, зачинете си ја млаката вода со лимон наутро. За дополнително благотворно дејство додадете и прстофат цимет кој има антивоспалителни својтва и може да го стабилизира нивото на шеќер во крвта.
Утрински еликсир – топла вода со лимон и куркума
Состојки: 1 шолја топла (не врела) вода, 1/4 лажица куркума, сок од половина лимон и прстофат цимет, 1/8 лажица мед или агава сируп и лажица кокосово масло.
Ставете ги сите состојки во шолјата со млака вода и добро мешајте. Консумирајте веднаш, не правете залихи.
Додавањето на овој моќен зачин во вашата исхрана е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за вашето долгорочно здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.