Одминува последниот месец од годината и веќе размислуваме за тоа каде ќе ја дочекаме Новата година и каков ќе биде нашиот аутфит.
Во екот на празниците ќе претходат и многу предновогодишни забави со семејството, пријателите и колегите, па внесете го новогодишното расположение во еден детаљ што го носите секаде со вас – вашиот маникир.
Може да ги изберете традиционалните бои на новогодишните празници – црвена и зелена, а може и да си поиграте со светкави детали или исцртување празнични мотиви.
Ако некој од дезените кои ви ги предлагаме ви се чини премногу комплициран за да го изведете во домашни услови, закажете термин на маникир и зачувајте ја оваа страница.