Фармерките што ќе бидат хит есенва!

Летото полека одминува, а тоа значи нови есенски трендови на патот! Веќе е време добро да ги разгледате хит парчињата за сезоната што следи и да се подготвите за нови комбинации во кои ќе уживаме.
На прво место секогаш се фармерките кои се дефинитивно база на секоја наша комбинација, особено во студените денови кои се пред нас.
Девојките веќе одлучија дека овој модел фармерки ќе биде нивниот омилен оваа есен, па време е да се запознаеме со истите.


Станува збор за фармерки со висок струк и интересни продолжени рабови во предниот дел кои се шират надолу по должина, па некако потсетуваат на популарниот модел mom jeans.
Овој детаљ на фармерките им дава неодолив ретро призвук, истовремено потсетувајќи на облеката на каубоите од Дивиот запад.


Популарните брендови веќе понудија голем број модели, почнувајќи од оние со едноставен крој во светла нијанса, па сѐ до такви изработени од црн тексас во ѕвон издание.
Нивната цена е пристапна и можете да ги најдете во поголемиот дел од high street брендовите, а супер би било доколку истите ги комбинирате со високи потпетици и блузичка што ќе ја ставите внатре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.