ПАЛЕСТИНСКИОТ „БЕВЕРЛИ ХИЛС“ – Најелитната населба во Појасот Газа е претворена во пепел, палатите на Хамас се срамнети со земја

На социјалните мрежи се појавија видео-снимки од беспилотни летала на кои се гледа тешко уништениот кварт во Појасот Газа срамнет со земја од страна на израелските одбранбени сили. Како што се наведува со видеото, станува збор за „елитниот“ дел од градот – таканаречениот Беверли Хилс во Појасот Газа.

ПАЛЕСТИНСКИОТ „БЕВЕРЛИ ХИЛС“ – Најелитната населба во Појасот Газа е претворена во пепел, палатите на Хамас се срамнети со земја

„Сите лидери на Хамас имаат свои палати овде. Или да кажам појасно, имаа свои палати“, се наведува со објавеното видео, а потоа се заклучува: „И да бидеме појасни, ИДФ штотуку започнува“.

Од палестинска страна наведуваат дека целосно е уништена богатата населба Ал Римал во срцето на Појасот Газа. Тие во објава на социјалните мрежи споделија неколку фотографии кои го покажуваат степенот на уништување.

„Ова е она што остана од населбата Ал Римал во срцето на Појасот Газа. Ова беше богата населба полна со куќи, облакодери и бизниси. Огромната големина на уништувањето и загубата е поразителна“, напиша во објава на социјалната мрежа Х (Твитер), Нур Одех, која тврди дека е посветена на борбата за палестинската слобода.

Во коментарите била прашана дали е вистина дека се работи за станбена населба на Хамас, на што таа одговорила дека се работи за цивилни згради.

„Целтаните згради се сите цивилни! Станбени населби, телефонска компанија, канцеларии за медиуми итн.“, опиша таа и истакна дека Појасот Газа е една од најгусто населените области во светот.

Во најновото ажурирање од властите во Појасот Газа, потврдено е дека повеќе од 1.000 Палестинци се убиени во израелските одмазднички напади од саботниот упад на Хамас.

Во деноноќните напади на Израел загинаа 1.055 луѓе, а други 5.184 се повредени.

Властите наведуваат дека две третини од повредените се жени и деца.

„Сите болнички кревети се полни – лековите и медицинските потрошни материјали се при крај“, се вели во соопштението на властите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.