Фотографите одблиску ја ,,фатија” Моника Белучи: Вака всушност изгледа најубавата актерка на светот! (фото)

Актерката Моника Белучи (60) и режисерот Тим ​​Бартон блеснаа заедно на црвениот тепих во Маракеш за промоцијата на неговиот најнов филм „Битлси 2“. Ова долгоочекувано продолжение на култната класика на Бартон од 1988 година ја носи и Моника во една од главните улоги, додавајќи дополнителен зачин на спектаклот на филмот.Парот го привлече вниманието со својот изглед, а на денот на премиерата актерката самоуверено позираше во софистицирано модно издание.Сепак, освен на филмот, вниманието беше насочено и кон нејзиниот изглед. Белучи со децении ја носи титулата на една од најубавите жени, но најновите фотографии одблиску предизвикаа мешани реакции. Додека едни истакнуваат дека годините и’ одговараат и дека сè уште е олицетворение на убавината, други тврдат дека трагите од естетските зафати, особено ботоксот, станале премногу видливи.На социјалните мрежи се дискутираше за тоа како Моника балансира помеѓу зачувување на младоста и достоинствено стареење. ,џВака всушност изгледа најубавата актерка на светот“, „Таа и понатаму е симбол на убавината, само јасно е дека годините си носат свои промени“, беа само дел од коментарите, додека критичарите предупредуваа дека претерувањето со естетската интервенциите би можеле да ја нарушат нејзината природна привлечност.Моника, пак, секогаш нагласувала дека убавината доаѓа од внатре и дека се труди да живее во хармонија со себе, без разлика на надворешниот притисок. Ден по премиерата, таа позираше во своето класично модно издание, со што уште еднаш докажа дека нејзиниот статус на модна икона сè уште е несомнен.

Пронајдете не на следниве мрежи: