Хамас: Денес експлодира гневот на нашата нација

Борците на Хамас навлегоа и на израелска територија, а борби се водат меѓу воените бази, но и на улиците на неколку населени места.

Според информациите, до сега се заробени и десетици израелци кои потоа се однесени во Појасот Газа. На социјалните мрежи пак, се објавени и видеа од убиени израелски војници, но и од уништени тенкови.

Хамас: Денес експлодира гневот на нашата нација

Изненадувачки фактор е и неконвенционалниот начин на војување со кој што Хамас го спроведе за нападот. Нивните борци успеаја да се пробијат и преку преминот Ерез кој важеше за еден од најобезбедуваните во Израел, а дел од нив на израелска територија влегоа и со параглајдери, за што самите се пофалија на социјалните мрежи

Додека траат борбените дејствија, палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека палестинскиот народ има право да се брани од како што наведе, „теророт на доселениците и окупаторските сили“. Во пресрет на нападот пак, еден од командантите на Хамас кој важи и за нивен портпарол преку видео порака истакна дека ова е само почеток на акцијата наречена „Бура Ал Акса“.

-Денес експлодира гневот на Ал Акса, гневот на нашата нација и нашите праведни муџахедини. Ова е ваш ден да му дадете на непријателот да разбере дека неговото време завршило. Извршете ги вашите напади врз населбите си сите средства и алатки кои во стојат на располагање.-Мохамед Деиф – Висок командант на Хамас.

Израелските власти нападот го оценија како почеток на војна и во земјата прогласија воена состојба. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави жесток одговор на нападот, и објави почеток на воена акција со кодно име „железен меч“ која е покрената како одмазда за нападот.

-Од утринава државата Израел е во војна. Нашата прва цел е да ги расчистиме непријателските сили кои се инфилтрираа на наша територија, да го вратиме мирот и безбедноста на заедниците кои беа нападнати. Втората цел во исто време, е да наплатиме висока цена од непријателот, вклучително и во Појасот Газа. Третата цел е да се засилат останатите фронтови, за никој по грешка да не се вклучи на оваа војна. Ние сме во војна, во војна треба да размислувате трезвено. Го повикувам народот на Израел да се обедини.-изјава Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.

Нападот врз Израел предизвика бура на реакции и осуди.

Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин соопшти дека ќе работи на тоа да се осигура дека Израел има се што е потребно да ги одбрани граѓаните од тероризмот и насилството. Турскиот претседател Ердоган пак повика на воздржаност и прекин на огнот. Со осуда се јавија и европските лидери меѓу кои и претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен како и францускиот претседател Емануел Макрон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.