Ракометарите на Данска одиграа неверојатен натпревар против Германија и триумфираа со 39-26 на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.
Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме, кое ѝ припадна на Данска со убедливи 21-12, додека во вториот дел Германија не успеа да внесе неизвесност и победата им припадна на Микел Хансен и другарите.
Најдобар во редовите на Данска беше Матијас Гидсел со 11 голови, додека Јури Кнор постигна шест погодоци за Германија.