Фолк пејачот Дарко Лазиќ и неговата избраничка Катарина се заколнаа на вечна љубов пред Бога, а во ресторан приредија луксузна прослава за 520 гости.
На свадбата се појавија и неговата поранешна сопруга Ана Севиќ и нејзиниот сопруг Даниел Недељковиќ.
Ана Севиќ ги фотографираше младенците за на социјалната мрежа Инстаграм, а потоа објави фотографија со ќерката која ја има со Дарко, Лорена.
-Го оженивме, конечно – напиша Ана на фотографијата од Дарко и Катарина, а потоа објави слика од парот со Лорена.
„Нека е со среќа“! – напиша таа заедно со емотикони во форма на срца и детелини.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.