ХОРОР ВО РИМ: Пронајдени ТЕЛА НА ТРИ ЖЕНИ, СОМНЕЖ ЗА СЕРИСКИ УБИЕЦ

Грозоморното откритие е направено во четвртокот наутро во зграда на Виа Аугуста Риботија во римскиот кварт Прати, кога чуварот на зградата пронашол тело на жена како лежи во локва крв на скалите на вториот кат.

Полицијата излегла на местото на настанот, а откако истражителите ја отвориле вратата од соседниот стан, пронашле тело на друга жена, па веднаш се посомневало за убиство. Двете жртви се Кинезкињи и се верува дека се занимавале со проституција, пишува италијанскиот „Кориере дела сера“.

ХОРОР ВО РИМ: Пронајдени ТЕЛА НА ТРИ ЖЕНИ

Покрената е истрага, но идентитетот на жртвите не е веднаш откриен. На терен излегоа и форензичари. Жената чие тело е пронајдено на скалите имала околу 40 години, додека жртвата пронајдена во станот била помлада.

Според соседите, жртвата од скалите живеела во зградата, па се проверува што точно правеле несреќните жени во Рим и како се поврзани една со друга. Ќе се проверуваат и телефонски броеви за да се утврди мрежата на нивните познаници.

Она што исто така го привлекува вниманието на полицијата е фактот дека никој од жителите во зградата не слушнал звуци во текот на утрото, а пријавата во полиција стигнала околу 11 часот.

Затоа беа испрашани портирот на зградата и дел од станарите, вклучително и оние кои живеат на истиот кат каде што се пронајдени телата, а прашањето колку долго престојувала помладата жртва во зградата е во центарот на истрагата.

Полицијата ги зеде снимките од камерите на плоштадот Клаудио и околните улици за да утврди кој влегува и излегува од зградата во претпоставениот момент на убиството, а во станот се бараа индиции и докази кои би укажале на еден или повеќе сторители.

Но, помалку од еден час подоцна, беше пронајдено телото на трета жена, првично погрешно идентификувана како транссексуалка. Станува збор за 65-годишната ескорт дама, Колумбијката Марта Торес, чие тело е пронајдено во стан исто така во областа на плоштадот Клаудио.

Според полициските наоди, телото лежело на креветот со длабока убодна рана во градниот кош. Злосторството го пријавила сестрата на жртвата, која утрото го открила телото и веднаш ја алармирала полицијата. Станот во кој е пронајдено телото на 65-годишната жена се наоѓа во подрум.

Во тек е истрага за да се утврди дали има поврзаност меѓу двете кривични дела. Оружјето употребено и во двата случаи би можело да биде некаков нож, можеби долго сечило, но тие детали се уште се утврдуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.