Граѓанско движење од Хрватска со отворено писмо до градоначалникот на Каштел, Денис Ивановиќ, му порача дека не смее дозволат концерти на Јелена Карлеуша, Харис Џиновиќ и Аца Лукас на фестивалот ,,Island of Love” кој се одржува на островот Барбаринац.
Како што е наведено во писмото кое е објавено на страницата на Домовински покрет Сплитско- Далматинска жупанија, музиката ја обликувала реалноста и друштвената филозофија, а наведените музичари припаѓале на некој друг идентитет.
-Овој музички стил не припаѓа на нашето поднебје и мораме да ја чуваме медитеранската и европска култура на која припаѓаме. Покрај локални гости, фестивалот го посетуваат и странци.
Фестивалот го отвори ,,Прљаво казалиште” и после тоа бројните гости треба да ги слушаат Карлеуша, Џиновиќ и Лукас? Должни сме да го чуваме културното добро, оној кој издал концесија на заштитено културно добро, треба да се грижи какви настани се организираат на островот – реагираат од движењето.