Царината ги реши иновативните шверцери: Mакедонски државјанин скрил над 100.000 евра под акумулатор

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд заплениле девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, соопштија денеска од Царинската управа.

Борис Писториус кандидат за канцелар на СПД на изборите во Германија
Пратениците на Социјалдемократската партија (СПД) во Бундестагот на внатрешна средба изјавиле дека нивен кандидат за канцелар на специјалните избори во февруари во Германија треба да биде министерот за одбрана Борис Писториус, а не …
Експлозијата во дворот на Раде Штекли е снимена на безбедносна камера
Порталот 4 News објави видео материјал од моментите на експлодирањето бомба пред домот на Раде Трајковски Штекли. Пред неколку дена во дворот на Штекли беше фрлена бомба за која се претпоставува дека била …

– Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило, се наведува во соопштението.

– До каде оди „креативноста“ на шверцерите!? Погледнете го видеото каде што колегите од мобилната царина откриваат девизи под акумулаторот во едно возило. Непријавените девизи се одземени, објави директорот на Царина, Стефан Богоев на неговиот фејсбук профил.

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.