Изгледа гламурозно и отмено дури и кога носи фармерки, а во своите плакари има колекција со облека и модни додатоци на која секоја дама може да и завидува.
Светлана Цеца Ражнатовиќ важи за една од најпознатите фолк пејачки во регионот, но и за една од најубавите, така што каде и да се појави, никого не остава рамнодушен.
Таа секогаш знае да ги избере вистинските модни парчиња за себе и нејзините модни комбинации им се инспирација на многу дами.
Изгледа гламурозно и отмено дури и кога носи фармерки, а во своите плакари има колекција на која секоја дама може да и завидува.
Обожава луксузни чанти и на своите полици ги има најскапите модели, а не може и без гламурозни високи потпетици.