Црната лимонада е многу поразлична од кој било друг домашен напиток. Тие кои ја пијат тврдат дека е вистинско чудо за човечкиот организам, бидејќи го чисти од токсини и помага во намалување на маснотиите. Ако не сакате црната боја, имајте предвид дека вкусот е идентичен на вкусот на обична лимонада. Овој напиток се прави од само три состојки.
Главната состојка, таа која и се смета за „чудотворна” е активниот јаглен. Тој нема вкус, но е многу здрав, бидејќи помага нашето тело да се ослободи од штетните состојки и да се намали надуеноста. Исто така, експертите истакнуваат дека има способност да го намали нивото на холестерол и ја подмладува кожата.
Состојките за правење на црна лимонада се:
– 4 чаши филтрирана или флаширана вода
– 1/4 филџан свеж сок од лимон
– 1/4 лажички активен јаглен (една таблета)
Помешајте ги овие состојки и по желба додадете уште лимон.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.