Четворица вработени во „Идризово“ завршиле на Токсикологија откако вчера избувнал пожар во женското одделение


Четворица вработени во „Идризово“ завршиле на Токсикологија откако вчера избувнал пожар во женското одделение

Вработените во затворот, како што изјави заменик-директорот на „Идризово“, Феми Јонузи, се во стабилна здравствена состојба. Во однос на пожарот кој вчера избувнал во женското одделение, Јонузи вели дека најверојатно бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци

Четворица вработени во затворот „Идризово“ во Скопје се пренесени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот што вчера избувнал во женското одделение. Информацијата за МИА ја потврдил заменик-директорот на затворот, Феми Јонузи.

Затвор „Идризово“

Четворицата вработени, како што вели Јонузи, се во стабилна здравствена состојба. Во однос на пожарот кој вчера избувнал во женското затворско одделение, заменик-директорот на „Идризово“ вели дека според информациите кои ги има, пожарот го подметнале затворенички кои запалиле постелнини и душеци.

Дека вчеравечер избувнал пожар во затворот потврди и Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 21.05.2024 во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено-поправната установа ‘Идризово’ било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите“,

информираат од МВР.

На гасење на пожарот интервенирала скопската противпожарна, а на местото е извршен увид од полициска екипа.

Пронајдете не на следниве мрежи: