Шведска изгледа моќно, го победи и Исланд и го завери пласманот во четвртфинале

Шведска е перфектна има пет победи од пет натпревари на Светското првенство на кое е ко-домаќин, Швеѓаните денеска ја совладаа селекцијата на Исланд со 35-30.

Швеѓаните играат импресивен ракомет на ова Светско првенство, тоа го покажаа и на дерби дуелот со Исланд. 

Првото полувреме беше израмнето, Шведска го доби со 17-16, но во вториот дел како да уфрлија во нова брзина и дојдоа и до плус седум голови разлика во еден момент водеа со 34-27. На крајот победија со 35-30.

Пелас со седум гола и Екберг со пет беа најдобрите кај Шведска, за Исланд најдобар стрелец беше Елисон со осум погодоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: