Шпанија станува четвртата земја која подготвува прирачници со упатства во случај на војна

Шпанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, јавуваат дека постои план за изработка на прв конкретен прирачник за тоа како да се постапи во случај на „зголемен ризик од војна“, бидејќи Шпанија е членка на НАТО и е една од земјите кои ѝ пружија најголема поддршка на Украина.

Како што се дознава, прирачникот е дел од националната стратегија за цивилна заштита, која на 15 октомври ја одобрил Советот за национална безбедност. Во неа се разгледува можноста за конфликт кој би можел да ја погоди Шпанија, а граѓаните ќе бидат известени за чекорите кои треба да ги преземат и совети како да се заштитат.

Шпанија со ова им се придружува на Шведска, Норвешка и Финска кои на своите жители веќе им испратија совети. Објавувањето на прирачникот не значи дека земјата се подготвува за војна, туку е обврска да се предупредат граѓаните на чекорите кои треба да ги следат во случај на иден конфликт.

Овие прирачниците содржат совети, листи на предмети кои треба да се имаат и упатства за постапување во случај актуелната криза да доведе до воена ситуација која директно би ја погодила Шпанија. Плановите се слични на оние кои се познати од други земји и вклучуваат препораки луѓето да се снабдат со храна која не се расипува, лекови и други слични производи за една недела.

Треба да се истакне дека војната до сега не била вклучена во прирачниците како можно сценарио во листата на катастрофи и вонредни ситуации на шпанската Национална управа за цивилна заштита.

Пронајдете не на следниве мрежи: