Усни
Обликот на усните ни говори за сензуалноста, апетитот за храна и секс, како и за комуникативноста.
Тенка горна усна и бујна долна укажуваат на некој кој во врската не знае да врати со иста мерка.
Спротивниот облик сугерира на личности кои можат да дадат премногу.
Полни тркалезни усни се знак за грижливи, чувствителни и сензуални личности со изразен сексуален апетит, а тенките усни се одлика на себичност.
Спуштена горна усна упатува на некој на кого е тешко да му се угоди, додека пак усни подигнати нагоре се знак на оптимизам. Рамни усни се знак на самоконтрола.
И бојата на очите го открива карактерот
Темно сина боја на очите значи дека личноста е сензуална и отворена, но истовремено нежна и чувствителна.
Светло сини очи се карактеристични за оние кои веројатно уживаат во кокетирањето со спротивниот пол.
Темно зелени очи означуваат енергија и инвентивност. Луѓето со зелени очи се спонтани и луцидни и кога сте со нив во друштво, навистина треба да си ја изострите својата интелигенција.
Чоколадно кафени очи упатуваат на страстен карактер, лојалност и посветеност. Исто така, овие личности напорно работат за да обезбедат удобен живот за своето семејство. Кафените очи обично упатуваат на великодушност.
Сивите очи означуваат висок степен на интелигенција и рафинираност, но недоволно страст, бидејќи овие личности имаат склоност да размислуваат и премеруваат.
Црните очи се многу ретки, а ги имаат доминантни и впечатливи луѓе, кои својата цел нема секогаш да ја постигнат на најфиниот начин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.