Повременото постење (intermittent fasting) за многумина се покажа како една од најефикасните алатки за слабеење.
Се чини дека јадењето во одредени периоди од денот може да ви помогне да го изгубите вишокот килограми, а јутјуберот Кем Џонс реши да ја тестира оваа теорија во пракса.
Тој се обврза на повремено постење од 30 дена, односно да јаде само 8 часа во денот, додека останатите 16 часа непрекинато пости.
„Ќе ја пробам најпопуларната форма на пост, 16: 8. Ова значи дека нема да јадам 16 часа во денот и сите оброци ќе ги вклопам во рамка од 8 часа. Тоа ќе биде меѓу 11 и 19 часот, што значи дека ќе се откажам од појадокот, мојот омилен оброј во денот“, рече тој на почетокот.
Иако му беше „забрането“ да јаде наутро, сепак пиеше вода и кафе без млеко и засладувачи.
„Благодарение на кафето, утринските часови минуваат релативно безболно“, вели тој.
Сепак, по неколку дена почнал да зјапа во часовникот и со нетрпение да чека да дојде 11 часот. Желбата за јадење не попуштала до 10-тиот ден од предизвикот. Приближно кон средината на месецот почнал да чувствува позитивни промени. Веќе не бил толку гладен, станал попродуктивен наутро затоа што веднаш почнувал со работа наместо да поминува време во подготвување и јадење појадок, па дури е и имал енергија за трчање.
„Проблемите со гладот исчезнаа, а предизвикот стана многу полесен. Открив дека големи количини вода наутро ми помагаат да го потиснам гладот, а кога ќе можам да јадам, избирам поздрави и количински помали оброци”, објаснува тој.
„Дефинитивно сум послаб. Изгледам добро. Заклучувам дека ова е навистина корисен метод за оние кои сакаат да изгубат тежина. После првите две недели, овој метод е лесен за одржување. И кога јадам, сум многу повеќе свесен за тоа што јадам “, заклучи Кем на крајот на предизвикот.