Во Македонија, усвојувањето на ваков систем ќе трае долго и дури и нереално. Пред да започне селектирањето во домовите, прво треба граѓаните да се информираат и едуцираат како да го селектираат отпадот и второ да им се овозможи селектирање во домовите. Најдобар систем за селекција на отпад во овој момент би бил луѓето да фрлаат мешан пластичен отпад во жолти контејнери поставени во населените места.
Но, сепак доколку луѓето не знаат што се случува со пластичниот отпад и каков е резултатот односно исходот од нивното лично залагање, ова нема да успее. Засега единственото решение го нудат компаниите што селектираат пластика, како што е G&O Waste solutions којашто работи во индустриската зона во Гевгелија.
„Клучот на успехот за вклучување на граѓаните во процесот на селекција на отпадот во нивните домови е сите да бидат убедени дека личната постапка и ангажман ќе бидат корисни. Ако граѓаните видат дека пластиката која тие ја селектирале завршува на некоја од општинските депонии кои во најголем дел се неконтролирани, без никакво рециклирање, ова нема да успее. Напротив, кога македонските граѓани ќе знаат дека нивната пластика ќе се рециклира во единици како што е нашата модерна фабрика за рециклирање, тие активно ќе учествуваат во овој процес и состојбата со отпадот ќе се подобри. Нашата единица за рециклирање го прима мешаниот пластичен отпад и ја селектира пластиката според типот, полипропилен, полиетилен, пластичен филм и слично. Овој внимателен избор овозможува подобро рециклирање на отпадот и придонесува потоа да се намалат произведените количини пластика и на крајот да се подобри нашето опкружување“, велат од G&O Waste.
Општините и комуналните претпријатија се тие кои треба да го информираат народот за видовите пластичен отпад, како да се селектира, што од што да се издвои, за тоа колку е важно да го фрлаат нивниот пластичен отпад во посебните контејнери и како ќе се управува по собирањето. Доколку населението е свесно што ќе се случи со нивниот пластичен отпад и колку процесот на селекција и рециклирање е од корист на околината, луѓето ќе бидат помотивирани активно да учествуваат во овој процес за чиста животна околина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.