Многупати сме биле сведоци на екстремно брзото слабеење на холивудските ѕвезди и токму тоа е една од најголемите причини кои придонесуваат луѓето постојано да се преокупирани со пронаоѓање на брз и ефективен начин за слабеење.
Но, исто така многупати сме виделе како изгубените килограми по кратко време им се враќаат, т.е. стануваат жртви на јо-јо ефектот. Опра е еден од најпознатите примери за тоа.
ШТО ПРЕСТАВУВА ЈО-ЈО ЕФЕКТОТ?
Јо-јо ефектот всушност е резултат на циклус за време на кој што се повторува намалување и покачување на телесната тежина. Терминот јо-јо за прв пат е воведен од проф. Кели Браунел, според познатата истоимена играчка која се движи нагоре-надолу.
Најчесто циклусот поминува низ следните фази:
- Дадено лице држи строга диета која гарантира брзи резултати (гладување, прескокнување на оброци, мал број на внесени калории) и слабее неколку килограми. Тогаш, како резултат на намалениот внос на калории и непрактикувањето на физичка активност работата на метаболизмот се забавува, што значи дека телото започнува да согорува помалку калории.
- Таквата строга диета предизвикува замор и фрустрации и лицето не може да ја практикува долго време, па се откажува и повторно се враќа на начинот на исхрана кој што го практикувало пред диетата.
- Изгубените килограми повторно се враќаат поради забавената работа на метаболизмот.
- Лицето се разочарува од натрупаните килограми и повторно се враќа на диета. Циклусот започнува да се повторува…
ОВОЈ ПОСТ ИМА ПОВЕЌЕ СТРАНИЦИ
ПОДОЛУ КЛИКНЕТЕ ЗА НАРЕДНАТА СТРАНА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.