Доколку за појадок сакате да јадете нешто домашно, од вашата кујна, тогаш може да го подготвите овој рецепт за помалку од половина час.
Потребни ви се само неколку состојки и малку волја за вкусен оброк.
Освен сирење, овие ролнички може да ги направите со павлака или да додадете спанаќ, месо, компир…
Состојки:
- 1 пакетче кори;
- 300 грама-сирење или крем сирење;
- 3 јајца;
- 1 прашок за печиво;
- 200 милилитри млеко;
- 100 милилитри масло;
- малку сол.
Подготовка:
Во еден сад изматете ги јајцата со малку млеко, масло и прашок за печиво. Во друг сад ставете го сирењето, здробете го, додадете едно јајце и малку сол.
Земете две кори, па намачкајте ги со првата смеса, па на третата кора ставете фил. Замотајте ја кората и распоредете ја во плех.
Тоа направете го со сите кори. Потоа изматете едно јајце со малку млеко и 50 милилитри масло, па со тоа премачкајте ги корите . Исечете ги ролничките на помали парчиња. Може да ги посипете и со малку сусам доколку сакате.
Ставете ги ролничките да се печат на 200 степени Целзиусови околу 20-на минути. Откако ќе ги извадите оставете ги 5 минути да се изладат и уживајте во супервкусниот оброк.
На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.