Ќерката на актерката Дру Баримор ја искористи нејзината насловна страница на Плејбој во модна расправија


За време на неодамнешната епизода од ток-шоуто на актерката Баримор и пејачката Кристина Агилера, тие зборуваа за комуникацијата со нивните мали деца.

Агилера истакна дека иако е многу отворена со своите деца, таа се обидува да најде стратегии соодветни на возраста за да разговара со нив за чувствителни теми.

Актерката Баримор потоа сподели некои од нејзините родителски предизвици.
„Мојата ќерка сака да носи кроп топ“, а јас многу често не дозволувам, „Ќе речам „Не“, а таа еднаш ми одоговори „Ти беше на насловната страница на Плејбој“.

Баримор е мајка на ќерките Олив (11) и Френки (9). Таа позираше за насловната страница на Плејбој во 1995 година.

„Мојата ќерка исто така сака да носи кроп топ – рече Кристина Агилера, а јас многу често ја наговарам да облече нешто подолго.

Кога станува збор за нејзината ќерка, таа рече: „Мислам дека секогаш се обидувам да и всадам дека одредени луѓе имаат добри и лоши намери“.

„Не сакам да ја исплашам на некој начин и таа да стравува од светот мислејќи дека сите луѓе се лоши“, објасни Агилера. „Но, исто така, мислам дека е важно за неа да има силно чувство за себе,и да знае што е всушност.  Затоа, сакам таа прво да се запознае себеси“.

Извор: https://edition.cnn.com/2024/02/28/entertainment/drew-barrymore-christina-aguilera/index.html

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: