Модно советувалиште: Кои парчиња облека, мажите не сакаат да ги видат на нас?

Мажите и жените навистина различно го набљудуваат светот, па дури и кога модата е во прашање. Постојат некои парчиња облека во кои жените уживаат, додека пак мажите се згрозуваат кога истите ќе ги видат облечени на нивната поубава половина. Овие парчиња облека мажите дефинитивно не сакаат да ги видат на нас.
1. „Mom“ и „Boyfriend jeans“


Мажите сакаат облини и занесна женска фигура, па затоа фармерките кои ние всушност ги сакаме заради удобност, не им се омилено парче облека кое го носиме. Тие не сакаат да ја криеме нашата фигура, барем не од нивниот поглед.


2. „Oversize“ маички
Тие не ја разбираат нашата потреба за удобност и се фокусираат само на естетиката. За нив „oversize“ повеќе зборува за тоа дека не си го познаваме нашето тело и не знаеме да одбереме величина која ни одговара, туку тоа што е моден тренд.


3. Балетанки
Да разјасниме едно нешто, и жените знаат дека нивната фигура е неспоредливо поубава, кога ќе облечат високи потпетици, но исто така знаат и дека во нив не е возможно да се поминат 12 часа дневно. Затоа жените бираат компромис, па повремено облекуваат и високи потпетици, но кога станува збор за практичност, еспадрилите и балетанките се спас во текот на жешките денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.