Директорот на Центарот за управување со кризи – Стојанче Ангелов попладнево соопшти дека и покрај сите вложени напори од противпожарните служби, воздухопловите и припадниците на Армијата и полицијата, пожарот што пред неколку дена ја зафати планината Серта засега не може да се стави под контрола.
– Теренот е исклучително тежок, има многу трња, грмушки, многу густ терен испресечен со долови. Високата температура и ветерот којштого менува правецот дополнително го отежнува гаснењето. Рано наутро гасневме со еден полициски хеликоптер, потоа со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна и со два ер трактори на ДЗС. Но и покрај тоа, за жал огнот повторно гори. Војската е активна на терен. 103 војници активно учествуваат во гаснењето на пожарот, како и 30 припадници на МВР коишто даваат голем придонес и им помагаат на локалните и територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци – рече Ангелов.
Тој нагласи дека контролата врз овој пожар нема да биде ставена денес и гаснењето ќе продолжи денеска додека има видливост, а рано наутро гаснењето ќе продолжи.
- Нашите предци морале да го стават ова во темелите на куќата: Се верувало дека го штити домот од беда и несреќа
- Таковска во Белград целосно блокирана: сообраќајот прекинат поради протест пред РТС
- Кафето го преобликува цревниот микробиом и влијае на расположението
- Ќерката на пејачката починала кога имала само 19 години, а потоа смртните случаи само продолжувале да се појавуваат: Пред да стане полнолетна, постигнала огромен успех, а потоа започнала нејзината агонија (фото/видео)
- Втората половина од неделата носи подобри денови за овие два хороскопски знаци
- Синоќа се запалила печка во фабрика во ТИРЗ Штип, нема повредени
- Обвинителството со детали за убиството во Битола
- Русите издупчиле дупка во Земјината кора длабока 12.262 метри: Еве што пронашле и зошто ја ЗАПЕЧАТИЛЕ
- Кризата во Велика Британија продолжува: Министерот поднесе оставка и директно го прозва премиерот
- Борисов и Пеевски останаа без телохранители по наредба на Радев



