Акциската ѕвезда три часа бил задржан на аеродромот во Минхен бидејќи не пријавил скап часовник кој требало да се најде на аукција.
Актерот, политичар и активист во борбата против климатските промени си ги плати даноците, но дури по бројни компликации.
- Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со… Read more: Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!
- Техеран им наложува на САД да се откажат од „прекумерните барања“ и објавува нова мапа на контролната зона во ХормузИранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД)… Read more: Техеран им наложува на САД да се откажат од „прекумерните барања“ и објавува нова мапа на контролната зона во Хормуз
- Напад врз стјуардеса и обид за провала во кабината: Патник приведен по слетувањето на аеродромот ЊуаркПатник на лет на „Јунајтед ерлајнс“ од Доминиканската Република до Њу Џерси е… Read more: Напад врз стјуардеса и обид за провала во кабината: Патник приведен по слетувањето на аеродромот Њуарк
- Митко Чавков е пуштен на условен отпустПоранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој беше осуден во… Read more: Митко Чавков е пуштен на условен отпуст
- Поскапуваат гориватаОд полноќ поскапуваат горивата. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите… Read more: Поскапуваат горивата
Со неработење на машината за картички, затворена најблиската банка и прениски лимити за подигање готовина, 76-годишникот, кој се прослави со улогата во блокбастерот „Терминатор“, мораше да чека цариниците да донесат нова машина, изјави изворот.
Портпаролот на актерот изјави за германскиот весник „Билд“ дека инцидентот на аеродромот е „комедија на грешки што може да направи многу смешен полициски филм“.
Билд пишува дека Шварценегер „многу смирено ја сватил непријатноста“, а на фотографијата што ја објавиле се гледа насмеан Шварценегер со куќиште за часовник на кое пишува „За Австрија“.
Локалните медиуми јавуваат дека часовникот го изработил познатиот часовничар Audemars Piguet според раката на Шварценегер и дека може да достигне цена од неколку стотици илјади долари.
Планирано е часовникот да се продава на аукција на хуманитарна вечера организирана од иницијативата за климатски промени на Шварценегер во четврток во австрискиот град Кицбил, на околу 90 километри од Минхен.
Почетната цена на часовникот е 50.000 евра.
На аукциската листа, до која дојде весникот Билд, се наведува дека има само 20 такви часовници и дека има фотографија од Шварценегер во карактеристична поза со натпис Arnold Classic.
Покрај часовникот, на аукцијата ќе се најдат и уметнички дела, како и потпишани спортски и филмски предмети.
Пронајдете не на следниве мрежи:



