Белградска Арена од денеска повторно КОВИД БОЛНИЦА

Loading...

Белградска Арена од денеска повторно КОВИД БОЛНИЦА

Белградската „Арена“ од денеска е привремена болница, која може да прими 510 пациенти од КОРОНА ВИРУСОТ.

Министерот Вулин при посетата на објектот рече: – Следејќи го развојот на епидемиолошката состојба, српската војска уште еднаш ја подготви Арена за прием на пациенти. Подготвени сме да го сториме тоа веднаш штом медицинските власти тоа го побараа.

Арената има и централен довод на кислород, па така пациентите можат да бидат приклучени на респиратор.

Во моментот во привремената болница работат 10 лекари и 20 медицински сестри кои ги чекаат првите пациенти. Во Србија во моментов хоспитализирани се 390 лица заболени од Ковид-19, од кои 24 пациенти се приклучени на респиратор.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...