Бен Гвир се закани дека ќа ја собори израелската Влада доколку не продолжат борбите во Газа

Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир се закани дека ќе ја урне Владата доколку Израел не ја обнови војната со Хамас, во момент кога се преговара за ново продолжување на примирјето.

Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар …
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција. Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица. Четири други лица се тешко повредени. …

„Запирање на војната = распаѓање на владата“, рече Бен Гвир во изјавата.

Екстремно десничарскиот Отзма Јехудит на Бен Гвир има шест места во коалицијата и има тројца министри во 38-члениот кабинет.

И покрај заканата на Бен Гвир, владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе го преживее напуштањето на Бен Гвир, имајќи ја предвид континуираната поддршка на партијата Национално единство на министерот Бени Ганц, која се приклучи на Владата во екот на војната во Појасот Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.