Бизарна и бесмислена кражба со потенцијално сериозни последици се случила пред два дена на главната железничка станица во Дуизбург, Германија, кога крадец грабнал кутија за испорака на дарувани матични клетки.
- Од расправија на социјални мрежи до пукање во двор! – МВР со детали
- Израелците купуваат 10.000 ракети од Американците за една милијарда долари, тврдат дека се „лек“ за иранските беспилотни летала
- Дали Ким Кардашијан прави пауза од полагањето на правосудниот испит? Изворот тврди дека таа нема повторно да го полага испитот
- Еве ги начините на кои можете да ја одржите врската со вашиот партнер по раѓањето на вашето дете
- Германија бара нови правила за проширување на Европската Унија
На посоченото место, на Французин (59-годишен), задолжен за преносот на матичните клетки, додека бил во еден од вагоните, непознат маж поминал крај него и наеднаш му ја грабнал кутијата-ладилник. Французинот веднаш ја пријавил кражбата во сојузната полициска станица во градот, па во потрагата се вклучиле и покраинската и сојузната германска полиција. Се анализирале и снимките од надзорните камери.
На крајот, речиси целосно празната кутија била пронајдена на источниот влез на станицата. Во неа останале две туби со крв, но сите ќеси со матични клетки биле одземени.
„Детективите го знаат човекот од претходни кражби и тој е успешно идентификуван. Иако го знаат неговото име, потрагата по осомничениот засега е неуспешна… Кражбата е целосно бесмислена бидејќи сторителот не може да направи ништо со матичните клетки. А, по кражбата е поведена кривична истрага“, известија од полицијата.
Во повеќето случаи, пациентите кои страдаат од некој вид рак на крвта се лекуваат со терапија со матични клетки. За повеќето болни деца и возрасни, ваквото дарување клетки е последната надеж за закрепнување или за живот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



