Битката за трето место за нас е како финале!

Хрватите пред четири години стигнаа до сребрениот медал, а оваа година не успеаа да го повторат успехот, меѓутоа селекторот Златко Далиќ вели дека битката за трето место е како големо финале за нив.

„Натпреварот за трето место за нас е како големо финале, тоа е битка за медал. Мора максимално да се подготвиме затоа што мечот е важен и би било одлично ако освоиме бронза“, кажа Далиќ.

Мечот меѓу Хрватска и Мароко се игра утре од 16 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: