Заменикот на државниот секретар на САД, О’Брајан денеска во интервју за “360 степени” буквално го уништи Христијан Мицкоски.
Коментирајќи ги процесот и потребата од уставни измени, дипломатот истакна дека подобра понуда, доколку некој нуди како што тоа го прави Мицкоски, би требало да ја објави пред да добие власт, а не да вели дека некогаш ќе испреговара подобра рамка.
Не би купил ни кола од таков човек, не да го гласам, додава О’Брајан.
– „Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, вели помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
ВИДЕОТО НА ИНФОМАКС
Пронајдете не на следниве мрежи: