Германската полиција денес околу 12 часот и 20 минути застрела маж во центарот на Гумерсбах, откако тој ги нападнал пред влезот на пекара.
Како што пренесува Bild, полицаецот испукал неколку куршуми кон напаѓачот, кој потоа паднал на земја.
- Левица со предлог-закон во Собрание за целосно здравствено осигурување за хонорарци и невработени
- Меџити: На ВЛЕН му одговараат предвремени избори, но годинава нема да има, ќе видиме во 2027
- Се бараат мерки на претпазливост за малолетничките од Ѓорче Петров
- Од расправија на социјални мрежи до пукање во двор! – МВР со детали
- Израелците купуваат 10.000 ракети од Американците за една милијарда долари, тврдат дека се „лек“ за иранските беспилотни летала
Случајни минувачи го снимиле нападот со своите мобилни телефони, а на видеото се гледа дека полицајците се обиделе да го задржат напаѓачот, но тој се спротиставил и удрил еден од полицајците.
Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко, а истото можете да го погледнете подолу:
Полициските портпароли во Гумерсбах и Келн сега потврдија дека полицаец пукал од службеното оружје, при што ранил најмалку едно лице.
Меѓу повредените има и полицаец и лицето кое го предизвикало инцидентот.
Според информациите на Bild, напаѓачот наводно е осомничен крадец. Вработен во пекарата наводно повикал полиција, по што осомничениот ги нападнал, најверојатно со нож. Биле испукани околу четири или пет истрели.
Центарот на градот во моментов е затворен, но нема опасност за населението. Повредените се пренесени во болница.
Пронајдете не на следниве мрежи:



