Внесување пробиотици и нивните корисни ефекти

Редовното внесување пробиотици може да има бројни корисни ефекти врз
здравјето, и тоа пред сè врз дигестивниот тракт, за стимулирање на варењето и
забрзување на метаболизмот, за намалување на надуеноста, за редуцирање на
лошиот холестерол и добро влијание врз срцето, како и за подобрување на
одредени состојби на менталното здравје (особено депресија). Исто така, многу
е корисен и ефектот врз имунитетот. Пробиотиците може да имаат
потенцијални придобивки и да делуваат како превенција на симптомите на
грип и настинка.
Пробиотиците се грижат за правилно функционирање на дигестивниот тракт.
Некои од добрите бактерии што се потребни на нашиот дигестивен систем, а со
тоа и на целокупното физичко и психичко здравје се Bifidobacterium,
Lactobacillus acidophilus и пребиотикот олигофруктоза. Bifidobacterium е
пробиотик кој е природно присутен во цревата и служи за претворање на
хранливите материи во енергија. Lactobacillus acidophilus е пробиотик кој може
да се најде во ферментирана храна, како што е функционалниот јогурт Баланс+.
Покрај тоа што го помага варењето, се смета дека го намалува холестеролот и
ги намалува симптомите на настинка и грип. Она што е сигурно е дека е
одличен за здравјето на цревата и за одржување на рамнотежа на цревната
флора.
Олигофруктозата има пребиотичка функција и доаѓа од растителни влакна.
Пребиотиците се вид диетални влакна кои служат како храна за добрите
бактерии и на тој начин ја одржува рамнотежата на цревната флора. Така,
пребиотиците ги задржуваат пријателските бактерии во цревата и делуваат
симбиотски со добрите бактерии, забрзувајќи го нивното дејство.
Функционалниот јогурт Баланс+ со уникатниот Bifido Digestio комплекс –
комбинација од двете пробиотски култури: Lactobacillus acidophilus LA-5 и
Bifidobacterium BB-12 и пребиотикот олигофруктоза, ги содржи и го снабдува
организмот со овие хранливи состојки. Придобивките врз дигестивниот систем
од Баланс+ јогуртот се докажани и преку клинички испитувања, односно со
редовно консумирање на Баланс+ пробиотскиот јогурт во тек на само 10 дена,
работата на дигестивниот систем значително се подобрува. За постигнување на
овој ефект оптималната препорачана доза е 500 г Баланс+ дневно најдобро
поделено во два оброка, за појадок и за вечера.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.