Кога Украина ќе добие западни борбени авиони Ф-16, ќе има право да напаѓа легитимни руски воени цели надвор од границите на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Гласот на Америка.
„Кај различни сојузници, има малку различни политики за ова. Но, генерално… ова е вооружена агресија на Русија против Украина со очигледно кршење на меѓународното право. И според меѓународното право, Украина има право на самоодбрана. Ова исто така вклучува и удирање легитимни воени цели – руски воени цели надвор од Украина. Ова е меѓународно право“, рече Столтенберг.
- Трамп ќе ја започне најкратката војна во историјата? Америка може да го освои Гренланд за само неколку часаВо 1951 година, Соединетите Американски Држави потпишаа договор со Данска, во- прочитај повеќе
- Цукерберг: Влада на Бајден притискаше да ја отстраниме содржината за несаканите ефекти од вакцината за КОВИДМарк Цукерберг, шефот на Мета, се појави во подкастот на Џо- прочитај повеќе
- Мадуро инаугуриран за трет мандат, САД ја зголемуваат наградата на 25 милиони долари за информации што ќе доведат до негово апсењеНиколас Мадауро на затворена церемонија беше инаугуриран за претседател на Венецуела- прочитај повеќе
- Интерпелацијата за Илире Даути не налага разрешување на пратеничката, објасни ГашиИнтерпелацијата за Илире Даути не налага разрешување на пратеничката од нејзината- прочитај повеќе
- Апокалиптични сцени од Лос Анџелес: Штетата измерена во десетици милијарди долари (Слика и Видео)Неколку големи пожари се уште горат во областа на Лос Анџелес.Официјални- прочитај повеќе
Во моментов не е познато кога точно Киев ќе може да гi прими авионите, повтори Столтенберг, бидејќи тоа зависи од сојузниците и одлуките во земјите. Партнерите на Украина се желни да ја пружат оваа помош што е можно поскоро, нагласи генералниот секретар на НАТО.
„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти точно кога ќе бидеме подготвени или кога сојузниците ќе бидат подготвени да започнат со испраќање и испорака на Ф-16. Што порано тоа подобро. Во исто време, тоа треба да биде ефективно оружје со добро обучени пилоти, со добри системи за поддршка на располагање кога ќе го обезбедиме овој механизам на Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.