Германија од крајот на ноември ќе распореди борбени авиони Еурофајтер во Романија за поддршка на патролната мисија на НАТО, изјави денеска извор од безбедносните сили.
Истиот извор наведува дека првата група од осумдесет германски војници ќе пристигне денеска во воената база кај Констанц, каде што ќе бидат стационирани.
- Зошто јадеме кога не сме гладни?; Зад оваа навика стојат голем број психолошки фактори
- (Фото) Заканувачката порака која била испраќана до учениците во Битола
- Млада државјанка на Турција пронајдена мртва во стан во Штип
- Меси и Роналдо изгубија милиони следбеници на Инстаграм преку ноќ, еве што се случи
- Кој е подобар избор за слабеење: пилешки гради или јајца?
Германските сили претходно ги поддржуваа патролните мисии во Романија. НАТО го зајакна своето источно крило од почетокот на конфликтот во Украина минатата година.
Пред неколку недели руските сили ги нападнаа украинските пристаништа на Дунав.
Нападите се случиле на неколку стотини метри од романската граница, а остатоците од дронот биле пронајдени во шума на територијата на Романија.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно изјави дека руските напади во близина на границата се „дестабилизирачки“, иако нема индикации дека Москва има намера да гаѓа цели во Романија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



