Вајдел најавува излегување на Германија од ЕУ доколку АфД дојде на власт
Претседателката на Алтернатива за Германија ( АфД ), Алиса Вајдел денеска изјави дека, доколку таа партија дојде на власт, ќе се заложи за референдум за членство во Европската унија, по моделот на Брегзит.
- Јаневска: Случаите со Филозофскиот факултет и Славјански универзитет се пријавени во ОбвинителствоМинистерството за образование и наука (МОН) започна процедура за поништување дипломи на Филозофскиот факултет… Read more: Јаневска: Случаите со Филозофскиот факултет и Славјански универзитет се пријавени во Обвинителство
- Русија се закани со голем напад врз Украина: „Цивили и странски дипломати, напуштете го Киев“Рускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи дводневен прекин на огнот со Украина на 8… Read more: Русија се закани со голем напад врз Украина: „Цивили и странски дипломати, напуштете го Киев“
- Кривични пријави за децата и родителите по врсничкото насилство во ЃорчеПротив малолетничките кои извршија врсничко насилство во Ѓорче Петров е поднесена кривична пријава, а… Read more: Кривични пријави за децата и родителите по врсничкото насилство во Ѓорче
- Хаос во Германија: Автомобил удри во група луѓе во Лајпциг, беше пријавено дека има мртви и повредениДве лица загинаа, а две се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе… Read more: Хаос во Германија: Автомобил удри во група луѓе во Лајпциг, беше пријавено дека има мртви и повредени
- Володимир Зеленски за парадата во Москва: „Се плашат дека нашите беспилотни летала ќе ги посетат“Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на интересен начин ја коментираше парадата, која традиционално ќе… Read more: Володимир Зеленски за парадата во Москва: „Се плашат дека нашите беспилотни летала ќе ги посетат“
„Тоа е модел за Германија“, изјави Вајдел за „Фајненшл тајмс“.
Таа додаде дека АфД ќе се обиде да ја реформира Европската унија и да го отстрани нејзиниот „демократски дефицит“, вклучително и ограничување на овластувањата на Европската комисија, за која вели дека претставува „неизбрана извршна власт“.
„Меѓутоа, ако реформите не се можни, ако не успееме да го вратиме суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, треба да го оставиме народот да одлучи, исто како што направи Велика Британија. И би можеле да имаме референдум за Дексит – излегување на Германија од ЕУ. – изјави Вајдел.
Германскиот устав поставува строги ограничувања на националните плебисцити, па дури и да се одржат, анкетите покажуваат дека огромното мнозинство Германци би гласале за останување во ЕУ, пишува весникот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



